Латас: Заев го пуштаат низ вода

Кога сакаш да одиграш за крупен играч како што е странска разузнавачка служба или се обидеш да бутнеш премиер треба да бидеш малку подисциплиниран и да следиш што значи тоа, посочи уредникот на Сител телевизија Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Акцент“ на МТВ.

Тој нагласи дека за такви информации треба странска агенција да  направи експертиза на автентичноста.

– Тој доаѓајќи од Струмица накај Скопје разбрал дека е длабоко заглавен, не би сакал да сум во кожа на Зоран Заев бидејќи околу него стојат луѓе кои ние не ги гледаме малку пошироко кои едвај чекаат да се тргне Заев, кои ќе го пуштат низ вода и веќе од понеделник ги гледаш во полиција како се нудат да дадат информации сами и тоа не само за да се спасат себе туку да го тргнат Заев од себе, бидејќи тој има документи и за нив, и за Шекеринска и за другите соработници, не може да има селективно документи, истакна Латас.

Тој запраша каква слобода им нуди Заев на граѓаните, дали е тоа слобода во која ги прислушува телефонските разговори со нивните соработници и семејства.

-Заев постапката не ја спроведе тоа значи дека го прецениле тие кои му ги дале материјалите кои се создадени од стручна служба,  смета Латас.