Латас: Заев уценува од опозиција, што би направил од власт?

Оваа Влада нема да падне, разговорите кои ги објавува Зоран Заев ни приближно нема да ја бутнат Владата на Никола Груевски, истакна уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас во своето гостување во „Акцент“ на МРТ.

– Значи, ако се точни прислушкуваните разговори, уште поточни се оние кои ги слушаме за Заев. За странски шпион, за уцената, за земањето 200.000 евра поткуп од струмичанецот. Зошто овие разговори се неточни, оние точни!? Јас и вчера слушав разговори, сега веќе не ги монтираат на парчиња, сега во сред реченица те сечат. Дали оваа Влада ќе падне? Нема да падне! Ни приближно нема да падне! Зошто нема да падне? Прво, како ќе падне?-Технички. Теоретски, ги прифаќаме условите на СДСМ. Груевски дава оставка. Која ќе биде нова Влада? Заев? Еднаш аболиран, две кривични пријави против него. Дошол на власт со прислушување луѓе? Има телефонски разговори, од секого од нас во фиока? Па он ако од опозиција успева да уценува  и преку тоа руши углед на врвни политичари, замислете ме мене утре како граѓанин, рече Латас.

Тој потенцира дека Владата на Република Македонија нема да падне  дури ни со оставна од Никола Груевски.

-Владата не може да падне со оставка на Груевски. ВМРО-ДПМНЕ држи преку 50 општини. Власта на терен ја има со Влада или без Влада. Било кои избори да ги има во наредниве две години, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие. Каков сакате мониторинг да има, додаде Латас.

Тој потенцира дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 50 и повеќе општини имаат контрола и моќ да анимираат ново гласачко тело кое ќе искочи на избори.