Late Night книжевен шопинг во Битола

Хитот на летото на Клуб Матица „Последната пролет во Париз” го започнува својот пат низ Македонија во Битола. Заедно со уште 1000 нови љубовни наслови, градот Битола ќе го доживее првиот Late Night книжевен шопинг. Инспириран од легендата за љубовната приказна меѓу Ататурк и Елени, истиот ќе се одржи на Широк сокак, под балконот на Елени.

Настанот е замислен како спој на љубовната легенда на минатото со книжевните љубовни страници на сегашноста.

Настанот, покрај одличните цени на книгите и широката понуда на наслови, ќе понуди и многубројни изненадувања, но и сигурни добивки и попусти со Тркалото на среќата.

Настанот е закажан за четврток (10.07.2014) со почеток во 18:00 часот. Истиот е замислен како можност посетителите да ги купат своите наслови до доцна во ноќта, па затоа е предвидено да трае се до полноќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.