Латиновски: Една третина од ветените проекти во општина Бутел веќе се реализирани

Најголемиот проект, вели Латиновски, е изградбата на ОУ „Живко Брајковски“

Од вкупно 80 проекти предвидени во програмата за општина Бутел на големо задоволство можам да соопштам дека една третина од проектите веќе се реализирани, вели градоначалникот на општина Бутел давајќи отчет за сработените во изминатите шест месеци.

 

„Најголемиот проект е  изградбата на ОУ Живко Брајковски. Првата фаза од изградбата ќе биде завршена за 7-8 дена. Првата фаза се однесува на изградба на училиштето од темел до покрив. Училиштето зафаќа површина од 5400 метри квадратни и е едно од најголемите основни училишта во Република Македонија. Средствата за училиштето се обезбедени од Буџетот на Општина Бутел. Грижата за младите продолжува со тоа што за неколку дена ќе ја предадеме во употреба училишната сала на ОУ Гоце Делчев во нашето најсеверно населено место Љубанци“, вели Латиновски.

 

Латиновски за оваа недела пуштање во употреба уште едно повеќенаменско игралиште во непосредна близина на ОУ Свети Климент Охридски.

 

„Изработен е уште еден капитален проект и се надеваме дека многу брзо ќе започне да се реализира, а тоа е изградба на градника во населеното место Радишани бидејќи ако некои општини имаат проблем со недостаток на најмладите, Општина Бутел нема место каде да ги згрижи своите најмлади граѓани, а тоа се децата во градинките“, вели Латиновски.

 

Тој истакна дека се работи на голем број други инфраструктурни проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.