Латиновски: Спасовски да го ослободи узурпираниот простор

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски го повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со полициска аститенција да го ослободи просторот во населбата Бутел, каде во знак протест заради изградбата на крстот, кампуваат активисти на ДУИ.

Според Латиновски, полицијата не успеала да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир.

Техничичкиот министер Оливер Спасовски вчера не ја изврши работата за која зема плата од граѓаните. Спасовски вчера не успеа да спречи нарушување на јавниот ред и мир и узурпација на земјиштето на општина Бутел. Полицијата имала и има капацитети да се справи и со многу посериозни ситуации, затоа бараме Спасовски да даде асистенција за ослободување на просторот кај кружниот тек во општина Бутел. Овој простор е јавен , но за жал узурпиран од страна на непознати лица кои ја срушија оградата и поставија шатори, изјави Латиновски.

Латиновски повтори дека одлуката за изградбата на крстот висок 55 метри кај кружниот тек во Бутел, е донесена од страна на општинскиот совет и е легитимна.

Инаку, во текот на попладневните часови вчера демонстрантите предводени од огранокот на ДУИ од Чаир кои на местото каде треба да се подигне крстот, ја урнаа оградата и го покрија со земја камен-темелникот.