Латиновски ќе го посети новото училиште „Живко Брајковски“

Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски денеска ќе го посети новото основно училиште „Живко Брајковски“ .

Објектот, чија изградба е во завршна фаза, e со вкупна површина од 5.000 метри квадратни и со капацитет за 900 ученици, a треба да биде готов до почетокот на новата учебна година, 1-ви септември.

За првата фаза од изградбата на училиштето (до карабина) од буџетот на Општина Бутел беа издвоени околу 45.000.000 денари, а за втората е обезбедено кредитно финансирање од Светска банка преку проектот за подобрување на општинските услуги, преку проектната единица на Министерството за финансии.

Изведувач на работите за комплетно завршување на училишната зграда и нејзиното партерно уредување е претпријатието „Вардарградба“ ДОО Скопје. Висината на кредитните средства се во износ од 66.486.259 денари или 1.081.077 евра.