четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Латинска Америка ја отфрли заканата на Трамп за Венецуела со воена операција

Критиките на изјавите на Трамп ги предводеше Перу, држава којашто инаку е најжестокиот критичар на Мадуро, истакнувајќи дека американската закана ги крши начелата на Обединетите нации

venecuela

Поврзани вести

Откако со месеци го напаѓаа непопуларниот левичарски претседател на Венецуела, Николас Мадуро, државите од Латинска Америка силно се спротиставија на американската закана со воена интервенција во оваа членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) си најголеми резерви на нафта во светот, а којашто неколку месеци е потресувана од судирите меѓу власта и опозицијата.

Изненадувачките изјави до петокот на американскиот претседател Доналд Трап би можеле да одат во прилог на регионалната поддршка на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во периодот кога Венецуела е пред исклучување од јужноамериканската заедница.

Трамп во петокот изјави дека не е исклучена опцијата за воена интервенција во Венецуела, па критичарите на Мадуро се најдоа изненадени од ситуацијата во која мора да избираат меѓу странската инвазија врз Венецуела и поддршката на претседателот кого го сметаат за диктатор.

Изненадувачката реакција на Вашингтон на венецуелската криза доаѓа во пресрет на патувањето на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Латинска Америка. Тој од неделата ќе ги посети Колумбија, Аргентина, Чиле и Панама.

Влијателниот венецуелски министер за одбрана, генералот Владимир Падрино Лопез во петокот американските закани ги нарече „лудило“, а министерот за надворешни работи Хорхе Ареаза во саботата изјави дека Венецуела ги отфрла „непријателските“ закани, повикувајќи ја Латинска Америка на обединување против Соединетите држави.

„Сакаме да искажеме благодарност на сите изрази на солидарност и отфрлање на употребата на моќ од страна на владите ширум светот, вклучително и Латинска Америка. Некои од тие држави неодамна заземаа ставови кои апсолутно се спротиставуваат на нашата сувереност и независност, но сепак, ги отфрлија изјавите на американскиот претседател“, порача Ареаза во својот кус говор.

Критиките на изјавите на Трамп ги предводеше Перу, држава којашто инаку е најжестокиот критичар на Мадуро, истакнувајќи дека американската закана ги крши начелата на Обединетите нации. Подоцна на тоа со свои соопштенија се придружија и Мексико и Колумбија

Можното ангажирање на американскиот воени сили го осуди и регионалниот сојуз Mercosur кој минатата седмица од своето членство на неодредено време ја суспендираше Венецуела.

Перу со другите држави во моментов работи на пишан одговор, откри во саботата перуанскиот министер за надворешни работи Рикардо Луба. Неговото соопштение е објавено ден откако Перу го протера амбасадорот на Венецуела од Лима.

„Сите странски или домашни закани кои прибегнуваат кон насилство ја поткопуваат целта на повторно воспоставување на демократските власти во Венецуела, како и принципите на повелбата на Обединетите нации“, истакна Луна.

Перу под водство на претседателот Педро Пабло Кучински зазема најжесток став кон левичарските власти во Венецуела, и отворено претседателот Мадуро го нарече „диктатор“.

Венецуела подолг период се наоѓа во тешка економска, општествена и политичка криза во којашто милиони жители се справуваат со недостигот од храна и лекови, огромната инфлација и неколку месеци долгите протести во коишто досега загинале повеќе од 120 луѓе.

Мадуро на 30 јули го одржа референдумот на кој беше изгласа но формирање на Уставотворното собрание чијашто цел е реформирање на уставот на Венецуела. Опозицијата тоа гласање го бојкотираше, а критичарите на власта тврдат дека со таа мерка директно се воведува диктатурата.

Ова тело од 545 членови во коешто главно се приврзаници на Мадуро, како неговата сопруга и синот според западните новински агенции, е обвинето дека си дало поголеми овластувања од постојното Национално собрание во коешто мнозинството го има опозицијата. Мадуро, пак, тврди дека воспоставувањето на ова ново тело ќе го врати мирот во оваа земја којашто ги држи најголемите резерви од нафта на светот.

Владејачкитре социјалисти со години наназад ги обвинуваат САД дека планираат воена инвазија слична на онаа во Ирак за да ги контролираат нејзините енергетски ресурси. Неколкупати беа протерувани и американски дипломати и воени аташеа за коишто Каракас тврдеше дека се обидувале во венецуелската армија да подготват терен за воен преврат. Досегашните американски администрации ваквите тврдења ги отфрлаа како „политичка демагогија“ чијашто цел наводно е да се префрли вниманието од внатрешните проблеми на Венецуела.

Најчитани вести