Лауда: На Мекларен и Ферари болидите се ѓубре

Трикратниот шампин во Формула 1, Австриецот Ники Лауда, упати остри критики кон челнците на Мекларен и Ферари. Според него причината за неуспехот на овие тимови во најбрзиот циркус на денешницата , не е во промената на правилата и новите турбо мотори, туку во организавијата и способноста на самите екипи.

Мекларен има шанси да ги користи истите мотори како Мерцедес . Затоа причината за неуспехот е во тоа што болидите им се ѓубре. За Ферари сум убеден дека моторот е на највисокото ниво и повторно болидот е ѓубре , изјави Австриецот.

Од почетокот на сезоната Мекларен и Ферари немаат триумфирано на ниедна трка. Лидерските места на подиумот годинава се резервирани за тимот на Мерцедес, односно пилотити Луис Хамилтон и Нико Розберг. Само еднаш на највисокото место на подиумот застана Австралиецот Даниел Рикардо.