Лав побегна од кафез во Зоолошка во Брисел

Зоолошката градина во Брисел денеска е евакуирана откако лав побегна од кафез.

Никој од посетителите не е повреден, но зоолошката градина по евакуацијата е затворена.

Во соопштението на зоолошката градина се посочува дека инцидентот се случил кога имало само неколкумина посетители.