Лав усмрти американска туристка

Американска туристка денеска почина откако смртно беше изгризана од лав, кој преку прозорецот влегол во нејзиниот автомобил во приватниот парк и зоолошка градина во близина на Јоханесбург.

– Додека автомобилот поминуваше во делот со лавови, еден лав ја протна главата низ прозорецот и ја изгриза жената. Итната помош брзо стигна на местото на несреќата, но жената веќе почина, изјави Скот Симсон, управник на Паркот на лавовите.

Во автомобилот бил и еден маж, американски турист, кој е полесно повреден додека се обидувал да ја одбрани жената од лавот.