Лавеци: Не ме загрижува дуелот во Лондон

Аргентинскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Езекел Лавеци дополнително ги изнервира фудбалерите и најверните фанови на лондонскиот премиерлигаш Чезли, со изјавата дека не е ни малку загрижен поради реванш 1/4 финалниот дуел од Лигата на шампиони, кој ќе биде одигран на “Стемфорд Бриџ”.

“Не сум загрижен. Тешко дека Челзи ќе го повтори успехот од пред неколку сезони, кога го елиминираше Наполи и покрај позитивата од два гола која ја имаше мојот поранешен клуб. Ова е сосема поинаков тим и убеден сум дека ПСЖ може да обезбеди пласман во полуфиналната рунда од ЛШ. Многу е важно што постигнавме погодок во судиското продолжение. Реванш дуелот ќе го стартуваме со далеку помал притисок. Не знам дали ПСЖ е фаворит и на реванш дуелот во Лондон, но знам дека ќе биде пеколно, дека ќе ни биде многу тешко. Челзи е многу моќен”, изјави крилниот напаѓач.