Лавина на патот Дебар-Маврови Анови, сообраќајот во прекин

Лавина од снег, камења и земја утрово се срушила на коловозот на регионалниот патен правец Дебар-Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир.

Од СВР Тетово информираат дека сообраќајот е во прекин, а во меѓувреме повикани се екипи на „Македонија пат“ да го расчистат наносот, пренесува МИА.

– Со оглед дека во регионот има интензивни врнежи од снег, постои опасност од нови лавини на овој патен правец. Им се препорачува на возачите кои деновиве ќе патуваат по долината на Радика да бидат максимално внимателни и непотребно да не се задржуваат во близина на Бигорскиот манастир, бидејќи постои реална опасност од лавини, информираат од СВР Тетово.

Според Автомотосјузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар за патнички возила е нормализиран. Останува забраната за движење на тешки товарни возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.