Лавина од позитивни реакции за мега проектот „Купи куќа за млади“

Лавина од позитивни реакции предизвика најавувањето на новиот владин проект за „Купи куќа за лица до 35 годишна возраст“. Младите кои го немаат решено своето станбено прашање на социјалните мрежи коментираат дека со овој проект можат да дојдат до свој сопствен дом како никогаш досега, пишува Лидер.

„Ова е доказ дека некој се грижи за младите во оваа држава. Ова ќе биде голем стимул за младите да почнат да го живеат својот сон, односно да создадат топол дом и фамилија“.

„Секоја чест на Владата. Така се сака и се работи со срце и душа за својот народ“.

„Е вака супер звучи, само да се направат дополнителни напори да им се овозможат и на најзагрозената класа да можат и тие да имаат кров над глава“.

„Одличен проект, затоа што овозможува решавање на животното прашање“.

„Уште еден прекрасен проект , секоја чест“ се само дел од многуте коментари.

Лидер меѓу другото се осврнува и на деталите за новиот проект „Купи куќа за млади“ – субвенции за куќа за лица до 35 години.

Со цел обезбедување поддршка за нова куќа на лица до 35 години без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, Владата го промовираше новиот проект „Купи куќа за млади “ кој вклучува два модела на субвенционирање.

Два модела за субвенционирање

Со првиот модел, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра државата ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години 50 проценти. Со вториот модел целосно се субвенционира учеството за кредитот зависно од износот што ќе биде земен.

Младите ќе имаат заштеда до 33 илјади евра

Прв модел

Пример:

кредит 50 000 евра – субвенција до 30 000 евра

кредит 40 000 евра – субвенција до 28 000 евра

кредит 30 000 евра – субвенција до 20 000 евра

Корисниците на проектот може да земат кредит и повисок од 50 илјади евра, но субвенцијата ќе го опфати делот на кредитот до овој износ. Апроксимативните проценки покажуваат дека за кредит од 50.000 евра корисниците ќе добијат субвенција до 30 илјади евра, до 40 илјади евра субвенцијата е 28 илјади евра, а за 30 илјади евра кредит поддршката ќе изнесува 20 илјади евра, рече Груевски. Каматните стапки остануваат исти како и досега, 3,95 отсто во првите три години, а 4,44 проценти во четвртата и петтата година, по што каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од каматните стапки за останатите кредити за стан или куќа.

Втор модел „учество“

Пример

Кредит 50 000 евра – 12 500 евра субвенционирано учество

Кредит 40 000 евра – 10 000 евра субвенционирано учество

Кредит 30 000 евра – 7 500 евра субвенционирано учество

Младите што ќе го одберат, пак, моделот наречен „учество“ ќе добијат 100 процентна субвенција на учеството за кредитот, односно максимум до 12.500 евра ако го користат максималниот износ за субвенционирање кредит до 50.000 евра. Позитивно во овој модел е што каматната стапка е фиксна цело време при отплатата на кредитот и ќе изнесува 4,5 проценти плус месечен еуролиборт. За кредит, пак, до 40 илјади евра Владата на корисникот ќе му исплати 10 илјади евра за учество, а за 30 илјади евра субвенционираното учество ќе изнесува 7.500 евра.

Колку ќе изнесува месечната рата?

Првите 8 години

Рата 200 евра = Влада 160 евра + корисникот 40 евра

Наредните 3 години = Влада 100 евра + 100 корисникот

Во случај младите да го одберат првиот модел, појасни премиерот, за рата од 200 евра во која влегуваат и главнината и каматата Владата ќе плаќа 160 евра, а корисникот на кредитот 40 евра во првите осум години од кредитот, а во наредните три години субвенцијата месечно ќе изнесува 100 евра, а исто толку ќе биде и износот на кредитобарателот.

Кои се условите?

Условите за добивање субвенција…