Лавина од позитивни реакции за мега проектот „Купи куќа за млади“

Условите за добивање субвенција од државата со проектот генерално се исти како за проектот „Купи куќа купи стан“ освен првичниот критериум за возраста на лицето што ќе го подигне кредитот, најмногу до 35 години. Воедно, барателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит. Ако корисникот е поединец за да користи субвенција треба да има до 35 години месечни примања до 900 евра, а ако станува збор за сопружници барем еден од нив да биде до 35 години и да имаат вкупен приход до 1.300 евра. Проектот се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба.

Ќе ќарат и градежните компании

Позитивни ефекти од неговата примена Груевски очекува и кај градежните компании што градат нови куќи, како и кај фирмите за производство на градежни материјали и за внатрешно и надворешно уредување.

Ќе ќарат и градежните компании
Ќе ќарат и градежните компании

На овој начин ставаме фокус и на дополнителна поддршка на градежништвото и градежните компании во Македонија, што ќе придонесе за нивна поголема профитабилност и за отворање нови работни места во градежниот сектор.Сите светски студии за наталитетот покажуваат дека брачните парови кои живеат во куќи многу почесто се определуваат за повеќе деца отколку оние кои живеат во стан. Проектот има цел на голем број млади да им помогне да дојдат до сопствена куќа, а индиректно среднорочно и долгорочно да се влијае на зголемување на наталитетот, рече Груевски.

Во соработка со градоначалниците и општините, Владата ќе овозможи дополнителен број парцели за изградба на куќи. На општините кои ќе изработат и спроведуваат детални урбанистички планови со кои се предвидуваат парцели за изградба на најмалку 100 куќи Владата ќе им помогне со плаќање дел од комуналиите во сразмер што дополнително ќе биде договорен заедно со ЗЕЛС.

Многукратни бенефити и од проектот „Купи куќа купи стан“

Преку проектот „Купи куќа купи стан“ во изминатите четири години со субвенции во износ од 4 милиони и 700 илјади евра, како што рече Груевски се помогна 728 семејства да го решат прашањето за стекнување сопствен дом, стан или куќа. Со овој проект, посочи, значително се намали цената на станбениот квадрат и на каматните стапки за корисниците на кредит за стан или куќа. Очекуваме проектот „Купи куќа за млади“ да даде уште поголем ефект и да помогне голем број семејства да се стекнат со нов дом, истакна Груевски.

Проектот, како што најави Груевски, ќе стартува најдоцна од февруари следната година, и претставува усовршување на тековниот „Купи куќа купи стан“ кој исто така ќе продолжи да се реализира.

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакнаа дека финансии за спроведување на проектот се предвидени со буџетот за следната година и во зависност од потребите и интересот ќе се обезбеди и дополнителен износ со ребаланс.