Свет

Лавина во Швајцарија: Четири лица загинаа

Лавина во Швајцарија: Четири лица загинаа

Лавина на Алпите во јужниот дел на Швајцарија затрупа неколку скијачи, а загинаа најмалку четири лица. Тамошните медиуми јавуваат дека еден скијач се здобил со сериозни повреди.

Меѓу жртвите е и еден водич, а несреќата се случила во кантоната Валис. Еден маж загинал додека скијал надвор од означената патека.

Локалните власти веќе неколку дена предупредуваат на лавини, а во текот на зимата во Швајцарија во лавини загинаа 11 лица.