Лавров: Американските санкции против Русија и Турција се незаконски

Американските економски санкции против Турција и Русија се дел од „незаконската политика на САД”, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска од Анкара.

Зајакнувањето на санкциите го сметаме за незаконски потег, диктиран од желба за доминирање насекаде- да се диктира политиката, да се одлучува за светската политика без договор, изјави Лавров на прес-конференција со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу.

Лавров истакна дека САД ги користат санкциите со цел нефер да профитираат во трговијата на светски размери.
Рускиот шеф на дипломатијата излезе со план Русија да почне трговија во национални валути со Турција и други земји, вклучително и Кина за да се ослободат од овие „незаконски блокади”.

Посетата на Лавров на Турција и средбата со турскиот шеф на дипломатијата Чавушоглу е во функција на самитот за Сирија што ќе се одржи на 7 септември. Во организација на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , на самитот ќе учествуваат првите луѓе на Русија , Германија и Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.