Лавров: Борбата со Ал Каеда треба да е главна тема на „Женева-2“

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров смета дека борбата против Ал Каеда треба да биде главна тема на меѓународната мировна конференција „Женева-2“, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Ширењето на екстремизмот и тероризмот во Сирија е многу важен проблем и тоа го признаа сите претставници на светската заедница. На 22 јануари во Монтре започнува меѓународната конференција за Сирија. Само самите Сиријци можат да ја одредат иднината на својата земја, а диктираните рецепти нема да доведат до национално согласност“, изјавил Лавров.