Лавров: Европа затвора очи пред препородот на фашизмот, тоа нема да го дозволиме

Во Европа многу години се затвораат очи на препородот на идеологијата на фашизмот, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сегеј Лавров, наведувајќи дека трагедијата во Одеса на 2 мај е чист фашизам.

„Нема да дозволиме обновување на фашизмот во Европа, а со тоа и во Русија,“ изјави Лавров при свеченото положување цвеќе кај меморијалната плоча посветена на службениците на Министерството за надворешни работи на поранешно СССР, загинати во Втората светска војна.

Шефот на руската дипломатија изјави дека Русија нема да дозволи да се пикнат под тепих фактите за трагедијата во Одеса, како што се обидува владејачката коалиција во Украина сокривајќи ги резултатите од истрагата во јавноста.

Според него, актуелните случувања во Украина не се маршови со пароли со кои се воспеваат нацистичките злосторства, туку тоа е фашизам во живо.