Свет

Лавров: Грција сама да одлучи за својата судбина

Лавров: Грција сама да одлучи за својата судбина

Грција треба сама да одлучи за својата судбина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во интервју за телевизијата Блумберг, пренесува МИА, повикувајќи се на ТАСС.

– Јас нема да ја следам филозофијата на Американците, кои веднаш им кажуваат на луѓето што треба да прават во таков и таков случај, како што прават со Украинците, изјави Лавров, одговарајќи на прашањето што би ги посоветувал Грците во врска со нивното останување во еврозоната.

Тој истакна дека на Грците им посакува успех во преговорите со Меѓународниот монетарен фонд, Германија и Франција.

– Грците се наши традиционални пријатели. Не обединува православието, имаме долга историја на односи и ние на грчкиот народ му посакуваме само најдобро, истакна шефот на руската дипломатија.