Лавров и Могерини разговараа за билатералните односи меѓу ЕУ и Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини разговараа за билатералните односи меѓу Русија и ЕУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи, објави МИА.

Средбата се одржала вчера за време на седницата на Советот на Европа во Брисел.

– На средбата е разговарано за прашања како меѓународната соработка во борбата против илегалната имиграција, бројни регионални теми, како и за некои аспекти на билатералните односи меѓу Русија и ЕУ, се наведува во соопштението на Министерството.

Лавров моментно учествува на 125. министерска средба на Комитетот на министри на Советот на Европа, што се одржува на 18 и 19 мај во Брисел.

Рускиот министер за надворешни работи вчера се сретна и со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд. Тие разговарале за голем број теми меѓу кои се меѓудржавна и меѓувладина соработка меѓу членките на Советот на Европа