Лавров: Кога извезувате демократија, ја добивате Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на безбедносната конференција во Москва рекол дека украинската криза е природен резултат на ширење на влијанието на Западот на Исток.

Лавров објаснил дека Западот ја уништува историската прилика за соединување на континентите и додал дека превирањата во Украина потсетуваат на насилствата и крвопролевањата во Европа во 20. век.

Тој истакнал дека Западот ги игнорирал сите повици на Русија за соработка и дека „наместо тоа ги присилува државите кои се историски блиски до Русија да бираат помеѓу Истокот и Западот“ и додал дека Украина е само еден од деструктивните резултати на западната надворешна политика.

-Обидите на другите народи да им се наметне сопствниот облик на внатрешни реформи, при што не се уважуваат националните карактеристики, да се „извезува демократија“ врши деструктивно влијание на меѓународните односи и го зголемува бројот на кризните жаришта на светската мапа.

Проблемите во Украина, Сирија, Авганистан, како и многу други земји можат да бидат решени само со колективен напор, а Русија се залага за здружување на силите во решавањето на тие прашања, заклучил Лавров.