Лавров: Косовските Албанци не го почитуваат договорот со Србија, постигнат со посредство на ЕУ

Косовските Албанци во текот на многу години не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на Еврропската унија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во ворникот по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ.

„Русија секогаш се залага за целосна и безусловна имплементација на Резолуцијата 1244 (на Советот за безбедност при ОН), поддржуваме активности кои ги презема Белград за да постигне целосна имплементација на овој основен документ од меѓународно-правен карактер“, посочи Лавров.

„Ние го земаме предвид конструктивниот став на Белград за разговорите со Приштина со посредство на ЕУ, што не може да се каже за позицијата на косовските Албанци. Тие не ги исполнуваат овие ангажмани кои беа постигнати пред многу години. Ние веруваме дека ЕУ мора целосно да ја сфати својата одговорност за ваквата ситуација и да се обиде да ја спроведе споменатата резолуција на Советот за безбедност на ОН“, додаде шфот на руската дипломатија додавајќи дека во тек се подготовките за посетата на претседателот Путин на Србија.

„Решение за Косово е невозможно да се најде без поддршка од Русија“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, по разговорите со Лавров.

„Сакаме и ќе бидеме во тесен дијалог и контакт со Руската Федерација, со претседателот Владимир Путин, со министерот Сергеј Лавров, бидејќи сметаме дека без поддршка на Русија е невозможно да се постигне какво и да било решение за Косово“, посочи Дачиќ .

Додаде дека самиот тој, како и претседателот Александар Вучиќ, редовно го информираат руското раководство за дијалогот со Приштина. Дачиќ се пожали дека некои западни земји ја менуваат сопствената позиција во врска со прашањето за признавање и дијалог со Косово

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.