Свет

Лавров: Меѓународната конференција „Женева-2“ дава вистинска шанса за постигнување на мир во Сирија

Лавров: Меѓународната конференција „Женева-2“ дава вистинска шанса за постигнување на мир во Сирија

Меѓународната конференција за Сирија, „Женева-2“ дава вистинска шанса за постигнување на мир во Сирија, изјавил министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во својот говор на отворањето на форумот, пренесе „РИА Новости“.

„Јасно е дека меѓусиријските преговори нема да се ниту лесни, ниту брзи. Постојат мал број сили, кои на зборови ја поддржуваат ‘Женева-2’ , но не го посакуваат нејзиниот успех, но сепак конференцијата дава ако не стопроцентна, тогаш вистинска шанса за постигнување на мир во Сирија“, истакнал Лавров.