Лавров: Москва ќе ги штити правата на Русите во странство

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека Москва ќе продолжи да ги штити правата на Русите кои живеат надвор од земјата цитиран од „АФП“.

„Ќе ги заштитиме интересите на Русите преку политичко-дипломатски средства“, изјавил министерот за време на состанокот со претставниците на Министерството за надворешни работи во руските региони.

„Ќе инсистираме во земјите во кои живеат руски граѓани, нивните права и слободи да бидат целосно почитувани“, рекол Лавров.