Лавров: Москва ќе одговори на адекватен начин

Москва на адекватен начин ќе одговори на натрупувањето на војници на НАТО во близина на руската граница, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

– Натрупувањето на војници на НАТО во близина на границата на Русија не придонесува за обнова на довербата во евроатлантскиот простор. Принудени сме да реагираме на адекватен начин, но убедени сме дека овие проблеми треба да бидат решени низ рамноправен дијалог заснован на взаемно почитување, истакна Лавров на заедничката прес-конференција со шпанскиот колега Хосе Мануел Гарсија-Маргал.

Пентагон вчера соопшти дека околу 3.000 американски војници од третата пешадиска дивизија ќе бидат распоредени во Источна Европа, за да учествуваат во воените вежби со силите на Естонија, на Летонија и на Литванија.

Покана за учество во воената вежба „Цитадела клебер 2015“ упатена е и до воените единици од Белгија, од Велика Британија, од Германија, од Грција, од Данска, од Италија, од САД, од Франција и од Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.