Лавров: Москва не планира инвазија на југоисточна Украина

Русија не планира да изврши инвазија на југоисточна Украина, но Москва ќе го почитува резултатот од референдумот за статусот на Крим што се одржува в недела, изјави денеска во Лондон шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорот со американскиот колега, Џон Кери.

„Руската Федерација нема и не може да има било какви планови за инвазија на југоисточниот регион на Украина“, вели Лавров.

Како што пренесоа агенциите, шефот на руската дипломатија по разговорот со Кери, Лаворов изјавил дека Русија и САД „немаат заедничка“ визија по прашањето за Украина.