Свет

Лавров: Москва сериозно загрижена поради нуклеарната проба на Северна Кореја

Лавров: Москва сериозно загрижена поради нуклеарната проба на Северна Кореја

Москва денеска изрази сериозна загриженост поради нуклеарната проба на Северна Кореја, а резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, која се однесува на оваа земја, мора да биде строго испочитувана, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. 

Тој со ова ја осуди нуклеарната проба, која рано изутринава ја изврши Северна Кореја, со интензитет од 20 до 30 килотони, а која предизвика сеизмолошки потреси со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала.

Тоа ја прави експлозијата многу посилна од оние, кои ги предизвикаа бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки, а кои беа со јачина од 13 до 18 килотони.