Свет

Лавров: Најголем непријател на Русија е ИД, а не САД

Лавров: Најголем непријател на Русија е ИД, а не САД

Најголемиот непријател на Русија е Исламска држава, а не САД, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

-Мислам дека во овој миг ИД е наш најголем најголем непријател, изјавил Лавров, одговарајќи на  прашањето за тоа кој е најголемата опасност за Русија, Кина, САД или НАТО.

Лавров образложувајќи ја својата оцена, рекол дека „стотини Руси, Европјани и Американци“ се борат на страната на ИД.

Додал дека несогласувањата помеѓу Русија и САД се „меѓудржавен проблем“ кои се однесуваат на светскиот поредок и дека треба да се решат со преговори.