Свет

Лавров нема да допатува во Виена

Лавров нема да допатува во Виена

Министерот за надворепни работи на Русија Сергеј Лавров нема да учествува на претстојниот состанок на шефовите на диплoматии во Виена за нуклеарниот програм на Иран.

Амбасадорот на Русија при меѓународните организации во Виена Владимир Воронков рекол дека нема да присустувува на министерскиот состанок и дека тој добил инструкции да не учествува на таа седница.

Состанокот на шефовите на дипломатии треба  да се одржи во недела и има за цел да ги поттикне преговорите со Иран кои се прекинати.

Инаку оваа рунда преговори би требало да се заврши со конечен договор, за тоa е предвиден рок до 20-ти јули.

Западните земји тврдат дека сеште не е решено ниту едно важно прашање, како што е процесот на богатење ураниум, бројот на центрифуга, нуклеарниот реактор Арак, меѓународната контрола и слично, се што би обезбедило нуклеарниот програм да биде исклучително за мирновременски сврхи.