Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не е лесно да се подобрат односите меѓу Русија и САД, но дека Москва е подготвена да даде се од себе за тоа да го оствари.
Конструктивниот дијалог меѓу САД и Русија е можен во врска со кој било билатерален или меѓународен проблем, доколку се заснова на рамноправност, взаемна корист, меѓусебно почитување и ако се земат предвид интересите на другата страна без обиди за уценување или наметнување на волјата, рече Лавров за неделникот „Аргументи“.
Не е лесно да се достигне тоа, но како што рече претседателот Владимир Путин, подготвени сме да го сториме својот дел, рече Лавров.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.