Македонија

Лавров: Посетата на Јагланд на Македонија е суштински важна

Лавров: Посетата на Јагланд на Македонија е суштински важна

Поради зголемената тензичност во Македонија, Русија предложила во регионот да биде пратен генералниот секретар на Советот на Европа Торборн Јагланд, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, а шефот на дипломатијата Сергеј Лавров оценил дека  таа посета е суштински важна.

– Имајќи го предвид порастот на тензиите во Македонија, руската страна предложи испраќање на генералниот секретар на Советот на Европа во регионот, се наведува во соопштението на руското МНР по учеството на Лавров на состанок на Комитетот на министри на СЕ во Брисел.

Во соопштението се додава дека Лавров, во рамки на своето учество на состанокот, имал работен состанок со генералниот секретар на Советот на Европа.

Како што пренесува Танјуг, во својот говор во Брисел Лавров ја оценил како суштински важна посетата на Јагланд на Скопје.

– Имајќи ја предвид очигледната регионална димензија на случувањата во Македонија, би било суштински важно генералниот секретар (на Советот на Европа) да го посети Скопје, за да промовира нормализација на ситуацијата врз основа на принципите и вредностите на нашата организација, рекол Лавров.