Лавров: Потребно е освежување во односите САД-Русија

Односите меѓу Москва и Вашингтон треба да се освежат, оцени рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Американската влада денеска ја уништува соработката која со години заедно ја градевме“, изјави Лавров во интервју објавено на страната на руското министерство.

Лавров ги обвини САД дека се одговорни за загрозувањето на односите на две земји, бидејќи поради кризата во Украина вовеле строги санкции за Русија. Санкции од кои се погодени пред се руските банки, претприемачи и блиски соработници на претседателот Владимир Путин.

„Ние имаме апсолутен интерес да дојде до нормализација на односите, но ние не сме тие кои ги расипаа односите“, додава Лавров, зборувајќи за САД и Русија.