Лавров повторно ги нападна ЕУ и САД за интервенцијата во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ја осуди западната интервенција во Украина и изјави дека односите на Европа со Русија се соочени со „момент на вистината“, пренесуваат локалните медиуми.

„Може да се каже дека односите меѓу Русија и Европската унија достигна нешто како момент на вистината. Се добива впечаток дека нашите западни партнери реагираат рефлексно на основата ’ние против нив’ и не размислуваат во суштина за последиците од нивните дејства на долгорочен план. Непријатно изненадени откривме дека во властите на ЕУ и САД ’слободниот’ избор на украинскиот народ веќе е направен и тој значи само ’европска иднина’“, пишува рускиот министер за надворешни работи во статија за весникот „Комерсант“.

Лавров ги осуди протестите во Украина како обид на неколку илјади демонстранти да извршат притисок врз Владата преку манифестирајќи насилство, а тоа е неприфатливо. Тој предупреди дека демонстрациите често се корисни за подемот на екстремистичките и националистичките групи.

„Обидите да се псотигне решение од името на граѓаните на Украина во врска со иднината на нивната земја, како треба да изгледа иднината на нивната земја и кој треба биде во нивната влада, се чини дека се осудени“, пишува Лавров.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, треба да пристигне во Москва денеска во дводневна посета Се очекува за време на посетата да се одржат дискусии со Лавров за политичката криза во Украина.