Лавров пристигна во Белград

Миистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во посета на Србија, пишува РТС.

На аеродромот во Белград, Лавров беше пречекан од неговиот српски колега Ивица Дачиќ. Официјалниот дел на посетата на Белград рускиот шеф на дипломатијата ќе го отпочне во петок, кога ќе се сретне и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Главни теми на разговорите ќе бидат соработката помеѓу Србија и Русија, билатералните односи како и српското претседавање со ОБСЕ, соопшти српското МНР.

Фото: Б92