Лавров: Русија не испорачува никакво забрането оружје во Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, соопшти дека Русија не испорачува никакво забрането оружје во Сирија, пренесе „РИА Новости“.

„По прашањето за снабдувањето на оружје, нема да се повторувам, многу пати сме коментирале на оваа тема. Не доставуваме ништо што е забранети во Сирија и ништо што би можело да ја дестабилизира регионалната ситуација“, истакнал Лавров.