Лавров:Русија спремна да учествува во подготовките за резолуција за Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели Русија е подготвена да учествува во подготовките на резолуцијата за прекин на огнот во Сирија, која во Обединетите нации ја предложи Франциија.

Меѓутоа, тој оценил дека резолуцијата не смее да биде во спротивнoст со „принципите утврдени со руско-американскиот договор за примирје“ и при нејзиното донесување неопходно е да се „земат предвид“ одлуките кои ги донесе Советот за безбедност на ОН и Меѓународната група за поддршка на Сирија.

Од друга страна, шефот на француската дипломатија Жан-Марк Еро по состанокот со Лавров денеска во Москва вели дека „ништо не може да ги оправда“ постојаните воздушни напади на руската авијација и сириската војска на опколениот град Алепо.

„Ништо не може да го оправда константниот оган врз Алепо и толкавниот број на мртви. Русија не смее да ја толерира таквата ситуација“, изјавил Еро.