Свет

Лавров: Се уште има шанси за дијалог

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека шанси за дијалог меѓу киевски власти и претставници на југоистокот на Украина под покровителство на ОБСЕ се уште постојат.

Како што прецизира Лавров, услов за тоа е итно повлекување на „криминалната наредба за ангажирање на војска против населението и да се запрат радикалните националисти“.

„Руската страна потврди дека шанси за таков дијалог постојат со услов за итно повлекување на криминалната наредба за ангажирање на армијата против населението и запирање на радикалните националисти“, соопшти вчера руското Министерство за надворешни работи по телефонски разговор на Лавров со германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер.

Лавров во исто време изразил загриженост поради информации за подготовка на украинската војска со поддршка на Десниот сектор за напад на градови на југоистокот на Украина, вклучувајќи го Славјанск, по ослободувањето на европските воени набљудувачи во тој град.