Лавров: Сите региони на Украина да учествуваат во уставните реформи

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров ги повика сите региони и политички сили на Украина да учествуваат во уставните реформи, пренесе „РИА Новости“.

„За да биде реформата сеопфатна, потребно е да се нормализира ситуацијата во Украина и да се надмине длабоката внатрешна криза. Во процесот треба да учествуваат сите региони без исклучок, со еднакви права на глас“, рекол Лавров.

Министерот истакнал дека Русија ќе инсистира на тоа сегашните власти во Украина отворено и искрено да ги поканат сите политички сили и сите региони за учество во уставниот процес.