Лавров: Трамп би можел да ja посети на Русија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја посети Русија доколу рускиот претседател ја прифати неговата покана да ја посети Белата куќа.

Лавров наведе дека Трамп во телефонскиот разговор на 20 март, кога му честитал на Путин за реизборот, ја спомнал можноста да допатува во Русија.

И Белата куќа и Кремљ соопштија дека во тој телефонскиот разговор и Трамп и Путин разговарале дека сакаат да се сретнат.

Лавров додаде дека Русија ги повикала САД да разговораат за деталите на таа средба.

– Русите не сакаат да бидат премногу наметливи, но не и нељубезни – наведе Лавров.