Лавров: Турција сака да го шири царството, тоа нема да заврши добро

САД за време на усогласувањето на условите за примирјето во Алепо се обидоа да ги стават под негова заштита и позициите на Џебхат ан Нусра, но тоа го отфрливме како неприфатливо, открива Сергеј Лавров, пренесуваат светските медиуми.

Тој прецизира дека Американците во „зоната на тишината“ се обиделе да вклучат „значаен дел од позициите што ги држи Нусра“.

Според многумина Џебхат ан-Нусра е сириска филијала на Ал Каеда, а Лавров нагласи:

Успеавме тоа да го одбиеме затоа што тоа беше апсолутно неприфатливо. Сепак, самиот обид наведува на помислата дека некој сака да ги искористи Американците затоа што не верувам дека им е во интерес да ја штитат Нусра. Но, ако некој друг настојува да ги изведе нусровците под удар. Во овој контекст, морам да повторам дека раководството на Турција има врска со Исламска Држава и Нусра, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија посебно укажа дека т.н. умерена сириска опозиција можеби намерно останува на позициите што се во допир со оние на Нусра, за на тој начин да ги штити од напади и да го доведе во прашање примирјето во Сирија.

Лавров истакна дека Москва во дејствијата на Турција гледа „неотомански аспирации“ затоа што во нивното дејствување има експанзионистички мотиви и тоа не само кон Сирија:

Во дејствијата на Турција – таа е главен двигател на сите разговори за зоните за безбедност, „планот Б“ и другите агресивни комбинации, се наѕираат експанзионистички мотиви и тоа не само кон Сирија. Турците, како и досега, се наоѓаат на територијата на Ирак без дозвола на легитимната влада на таа земја. Дури тврдат дека во Ирак држат воен контигент за да го зацврстат суверенитетот и територијалнота целост на Ирак, вели тој.

Лавров повтори дека во позадина на се се „неоотомански аспирации што подразбираат: ширење на влијанието и освојување на територии“. Тој дополнително прецизира:

Знаете ли минатата година колку пати турските авиони го нарушиле воздушниот простор на Грција? Околу 1.800 пати. Само во текот на оваа година, преку 200 пати. А во Брисел никој, никакви команданти на НАТО, не изговорија ниту еден збор за тоа, ниту го поставија прашањето – поради што една членка на Алијансата редовно го повредува воздушниот простор на друга членка на Алијансата. Таквото покорување на експанзионистичкото држење ( на Турција) неможе да донесе добро.