Лавров: Украинската криза потсетува на бомбардирањето на Југославија

Моменталната криза во Украина потсетува на НАТО бомбардирањето на Југославија во 1999-та година, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој смета дека Вашингтон треба да се чувствува одговорно за кризата во Украина.

-Моменталните случувања во Украина потсетуваат на Белград во 1999 – та, рекол Лавров, потсетувајќи на март таа година кога НАТО го започнал своето 78 – дневно бомбардирање на Југославија без согласност од ОН.

Во тие удари загинаа 2.000 цивили, а најмалку 40.000 куќи се уништени, се под изговор „да се спречи нестабилноста“ во контекст на косовскиот конфликт.

-Имаме причина да веруваме дека водечките европски земји ја сфаќаат својата одговорност за она што се случува во Украина. Би сакале САД да и се придружат на ЕУ во сфаќањето на одговорноста, рекол Лавров.

Тој апелирал до меѓународните партнери да ги остават на страна своите амбиции и да мислат на спасувањето на животите на цивилите на југоистокот на Украина.

–  Сега мораме да мислиме на спасувањето животи, нагласил Лавров, додавајќи дека прекинот на огнот во Украина не би смеел да биде одложен под никакви околности.

Тој смета дека примирјето ќе допринесе до започнување мировни преговори, во кои треба да се почитуваат правата на сите региони во Украина, како и дека со преговорите ќе биде одредена идната политичка мапа на патот за решавање на кризата.