четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Лавров: Висок ризик од судир меѓу САД и Северна Кореја, Трамп: Оружјето е полно и спремно

Трамп ја продолжи својата војна со зборови откако севенокорејската новинска агенција KCNA го обвини за ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров.

© EPA/Chris Kleponis/POOL

© EPA/Chris Kleponis/POOL

Поврзани вести

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во петокот дека ризикот од воен судир поради севернокорејската нуклеарна програма е многу висока, како и дека Москва е длабоко загрижена од меѓусебните закани со напад коишто ги изменуваат Вашингтон и Пјонгјанг.

„Посилната и разумната страна“ би требала да го преземе првиот чекот за да ја ублажи кризата, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров зборувајќи во живо на државната телевизија на форумот за руските студенти.

Лавров ги охрабри Пјонгјанг и Вашингтон да го потпишат руско-кинескиот план според кој Северна Кореја би ги замрзнала своите тестови со проектили, а САД и Јужна Кореја би ставиле мораториум на своите воени вежби со широк распон.

Во меѓувреме САД и Јужна Кореја најавија дека започнуваат заеднички годишни воени вежби на 21 август, како што претходно е планирано.

Лавров, исто така, истакна дека реториката на Вашингтон и Пјонгјанг околу севернокорејската нуклеарна програма сега „ја мина секоја мерка“, и додаде дека Москва се надева дека на крајот ќе надвладее разумот.

Американскиот претседател Доналд Трамо во петокот упати нови закани до Северна Кореја, порачувајќи му на Пјонгјанг преку Twitter дека американското оружје е „наполнето и подготвено“.

Трамп ја продолжи својата војна со зборови откако севенокорејската новинска агенција KCNA го обвини за ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров.

„Трамп ситуацијата на Корејскиот полуостров ја доведува на работ на нуклеарната војна, со изјавата како што се тврдењата дека САД не ја исклучува војната против Северна Кораја“, објави KCNA.

Американскиот претседател, кој престојува во Бедминстер во сојузната држава Њу Џерси на работен одмор, ја опиша со порешителни зборови воената подготвеност на САД.

„Военото решение сега е целосно испланирано, (оружјето) е наполнето и подготвено, доколку Северна Кореја не се однесува паметно. Се надеваме дека Ким Џон-гун че избере друг пат“, додаде Трамп во објавата.

Најчитани вести