Лавров во официјална посета на Русија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров вечерва пристигнува во Србија. Официјалниот дел од посетата ќе биде утре, кога Лавров ќе се сретне со највисокиот државен врв на северниот сосед.

Главни теми на разговор, според соопштението на српското Министерство за надворешни работи, ќе бидат соработката меѓу Србија и Русија, билатералните односи како и српското претседавање со ОБСЕ.

Од амбасадата на Русија во Белград претходно соопштиле за Танјуг дека е предвидено рускиот шеф на дипломатијата за време на посетата освен со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, да разговара и со претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.