Лавров во Србија, разговори за „Јужен тек“

Во Србија се наоѓа главното гасоводно депо за југоисточна Европа, Австрија и Италија во местото Банатски Двор и ако Србија се откаже од изградбата пропаѓа рускиот проект…

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров денеска е во Србија. Главна тема на разговорите со претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ е изградбата на јужниот руски гасовод „Јужен тек“.

Европската Унија поради ургенциите на САД наложи блокада на изградбата. Во Србија се наоѓа главното гасоводно депо за југоисточна Европа, Австрија и Италија во местото Банатски Двор и ако Србија се откаже од изградбата пропаѓа рускиот проект.

Тема на шатл-посетата на Лавров ќе биде и состојбата на Балканот.