Лавров: Во западните земји расте тенденцијата на напуштање на сопствените духовни корени

Во редица западни земји расте опасната тенденција на откажување од сопствени духовни и цивилизациски корени, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фундаменталните принципи на моралот и природноста во последно време се доведуваат во прашање во некои западните земји, каде што е зголемена опасната и срамна тенденција на откажување од сопствените и цивилизациски корени, рече шефот на руската дипломатија на прием по повод верските празници.

Според Лавров, во овие земји главно мерило за човековото постоење станува комфорот и успешноста, а под сомневање се ставааат основните етички принципи.

„Ваквата линија не само што е порочна, туку е и антидемократска, бидејќи таа се вградува во општествата од страна на агресивно малцинство против волјата на големото мнозинство граѓани“, додаде Лавров.

„Насилниот извоз на псевдолибералните вредности, заедно со флертувањето со радикалните, поделбата на терористите на добри и на лоши, доведе до хаос и анархија на огромните пространства на Блискиот исток – лулката на христијанството“, истакна рускиот дипломат.

Лавров притоа оцени дека станува очигледно дека е невозможно да се заштитат христијаните, исто како и претставниците на другите религии, без целосен пораз на терористите и истрајното политичко решавање на многубројните конфликти и кризи.