Лавров: Западот да се запраша и за бомрадирањето на Југославија, а не само за Крим

Руските партнери на Западот треба да посветат подеднакво внимание и на бомбардирањето на поранешна Југославија, на прашањето за Косово и распадот на Либија, а не сами на Крим, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесе Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.

-Што се однесува до меѓународното право и вниманието што во последно време му се посветува на Крим, би сакале нашите западни партнери подеднакво внимание да посветат и на другите случаи кои што датираат од поновата историја, изјави Лавров.

-Бомбардирањето од страна на земјите членки на ОПСЕ, врз друга земја членка, тука мислам на Југославија, ситуацијата со еднострано прогласување на независноста на Косово, без никакви референдум. Тука никој не кренал глас ниту прашал зошто тоа се случило без референдум, изјави рускиот министер.

Лавров изјавил дека Москва „доследно се залага за уважување на меѓународното право во полн капацитет на неговите цели и принципи“.

Шефот на руската дипломатија рекол дека лидерите на националистите во Украина пред една година отворено повикале на прогон или уништување на Русите во Крим, но дека Западот на тоа не реагирал.

Според неговите зборови, и нападот на Ирак е изведен со „отворено измислени изговори“, а во случајот на Либија, грубо бил злоупотребен мандатот на ОН.