Лавров: Западот не сака примирје во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска оцени дека заканите на Западот за воведување на дополнителни санкции кон Русија докажуваат дека Вашингтон и Брисел не сакаат да успее примирјето во Украина, пренесува МИА.

– Тоа е обид да се сврти вниманието од потребата за исполнување на мировниот договор од Минск, а зад ови повици скриен е недостигот на желба на овие актери, САД и ЕУ да биде постигнато тоа што е предвидено со договорот од Минск, истакна Лавров.

Лидерите на Германија, на Франција, на Русија и на Украина на 12 февруари во Минск постигнаа договор со кој се предвидува примирје во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.