понеделник, 1 мај 2017  |  Вести денес: 1

Лазањи со печурки, колбаси и спанаќ

P3062166-780x360-650x360

Последни вести

Предлог за ручек: Вкусни и неодолови лазањи со печурки, колбаси и спанаќ, а за десерт ванила лешник мафини.

Потребни состојки
250 гр тесте­нини за лазањи
450 гр лути дома­шни колбаси
300 гр сеч­кани печурки
60 мл вода
450 гр спа­наќ
1 паку­вање доматно пире
¼ филџан свежо сеч­кан боси­лек
450 г меко сирење
250 г моца­рела сирење, рен­дано
сол и мелен црн пипер по вкус

Подготовка

Рер­ната загрејте ја на 170 степени . Земете огно­от­по­рен сад за готвење со димен­зии 25–35 сантиметри (отпри­лика) и намр­сете го. Потоа ста­вете голем сад со вода за да се вари.

Тесте­ни­ните гответе ги во водата си додека не се ал-денте (не многу меки, 2 минути пома­лку од упат­ството за при­го­тву­вање). Потоа исце­дете ги, вра­тете ги во садот и покријте ги со ладна вода.

Земете голем сад за пржење, кој не лепи и намр­сете го. Во него ста­вете ги колба­сите да се пржат и пре­вр­ту­вајте ги со дрвена лажица сè додека не пору­ме­нат. Додајте ги печур­ките и ¼ филџан вода, па про­до­лжете да готвите си додека колба­сите не се готови, а водата испа­рена (околу 8–10 минути). Од спа­на­ќот исце­дете ја водата и ста­вете го во тав­чето, потоа трг­нете го од оган.

Домат­ното пире изме­шајте го со боси­ле­кот и додајте му сол и црн пипер.

Лаза­њите редете ги на след­ниов начин: во огно­от­пор­ниот сад полијте ½ филџан од под­го­тве­ните домати. Наре­дете ги тесте­ни­ните, за да се пре­крие дното. Потоа ста­вете поло­вина од меша­ви­ната со колбаси, 1/3 од оста­на­тото доматно пире и 1/3 од моца­ре­лата. Про­до­лжете со нов ред тесте­нини, ста­вете од мекото сирење, па спа­на­ќот со колбаси, па поло­вина од оста­на­тото доматно пире и поло­вина од оста­на­тата моца­рела. На кра­јот наре­дете уште еден ред тесте­нини и дода­дете го оста­то­кот од домат­ното пире.

Покријте ги лаза­њите со фолија и печете додека не почне да прави меур­чиња и да крчка, околу 1 час до 1 час и 10 минути. Отстра­нете ја фоли­јата и расту­рете го оста­то­кот од моца­ре­лата врз лаза­њите. Вра­тете ги во рер­ната и печете додека да се рас­топи сире­њето, 8–10 минути. Трг­нете ги лаза­њите од рерна и оста­вете ги да се ола­дат 10-ина минути пред да ги послужите.

mafini

Ванила лешник мафини

Состојки

140 гр масло

140 гр шеќер

2 јајца

5  капки ванила арома (или 2 кесички ванилин шеќер)

150 гр јогурт

150 гр брашно

1,5 мала лажичка прашок за пециво

100 гр мелени лешници

Декорација по желба

Подготовка

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Подгответе 12 до 16 калапи за мафини. Маслото и шеќерот изматете ги со миксер, додајте јајца (постојано мешајте), јогурт, ванила арома.

Брашното измешајт го со лешниците, прашокот за пециво и тоа додајте го во смесата, мешајте се’ додека сето тоа не се соедини. Со подготвената смеса пополнете ги калапите и печете од 25 до 30 минути.

Украсете ги мафините по желба со шеќерен прелив или чоколадна глазура.

Пријатен апетит!

Најчитани вести