Лазански: Можно е материјалот да е компилација од чаршиски муабети од кои лесно се прави приказна со внимателно архивирање

Дали некој во Македонија го остави логичното прашање, поради што некоја разузнавачка служба му давала на лидерот на опозицијата некои наводно компромитирачки материјали за лидерот на владата. Поради правда, демократија? Значи постои мотив.

Ова прашање го постави политичкиот новинар Мирослав Лазански во синоќешното гостување во емисијата „Миленко Неделковски шоу“, пренесува Курир.

-Ако постои мотив, ајде да видиме во која насока оди тој. На страна тоа што ова е недопустливо во политичкиот живот на било која суверена држава. Но, кој е мотивот, зошто?, вели Лазански

Политичкиот новинар прашува и  дали и воопштво Заев поседува материјали.

-Балканот е полн со блеф, можеби блефира човекот. Рече: „Јас имам материјали“, а ги нема. Дали Заев воопшто ги има тие материјали? Можно е материјалите да се компилација од досегашните чаршиски муабети, обвиненија и недокажани работи. Ако сте некоја аналитичка служба вие лесно може да направите приказна од тоа. Нешто начуено, што не е точно. Тоа за миг се составува, само треба време и внимателно архивирање, додава Лазански.