Лазар Котевски: Дел од судството потклекна под притисоците на СДСМ и Заев

Градоначалниците на општините Ресен и Новаци, Ѓоко Стрезовски и Лазар Котевски на прес-конференција оценија дека битолскиот градоначалник е чесен и искрен градоначалник и изразија уверување дека тој наскоро ќе биде ослободен.

Нашето судство потклекна под притисоците на СДСМ и на Зоран Заев. Македонскиот народ ова не го одобрува. Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник. Тој беше и претседател на Советот на пелагонискиот регион и успешно ги спроведуваше програмите за развој на регионот. Не го оправдуваме ова насилие на СДСМ и Зоран Заев, рече градоначалникот Котевски, додавајќи дека Талевски не заслужува третман каков што го има во моментот.